НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА – Инклузивен проект за компјутерска графика: „Виртуелно ЈАС” – “Virtual I”

Национална галерија на Република Северна Македонија секоја година се приклучува во одбележување на месец април – месец посветен на подигнување на свеста за присуството и прифаќањето на лицата со аутизам.

Оваа година, во соработка со Гимназијата „Алгоритам”, организираме инклузивен проект за компјутерска графика на тема „Виртуелно ЈАС”. Преку компјутерска графика, децата од оваа ранлива категорија ќе бидат во можност да се претстават и изразат на креативен начин преку дигиталната технологија. Учество ќе земат ученици од Гимназијата „Алгоритам”, како и други училишта кои имаат инклузивни образовни програми и институции кои ги поддржуваат ранливите категории.

Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, овој проект има за задача да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување.

Крајниот резултат од овој дигитален проект ќе биде прикажан преку изложба на сработените дела во Националната галерија.

Охрабруваме што повеќе деца со аутизам да се вклучат и да земат учество во овој проект.
Сработените цртежите се праќаат на е-адресата info@algoritam.mk со наслов „Виртуелно ЈАС”, најдоцна до 20.4.2021 година. Информацијата за изложбата ќе биде дополнително обезбедена.
На истата е-адреса може да се обратите и за сите потребни насоки и поддршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR …