(ВИДЕО) Среде јавување во живо натрапник и го земал микрофонот на репортерката и избегал

Временската прогноза за времето во Москва станала вирална откако кучето влетало во кадарот и и’ го украло микрофонот на новинарката, пренесоа руските медиуми.
Преносот во живо на руската новинарка на ТВ Мир, Надежда Серјожкина, бил прекинат од разигран златен ретривер кој скокнал врз неа, и го земал микрофонот од раката и избегал.

Серјожкина му довикнала на кучето да „застане“ и „дојди овде“ додека се обидувала неуспешно да го фати на мостот од кој известувала, објавил на Твитер снимателот Димитри Лотовски.
И додека снимателот ја снимал како го брка кучето, на следниот кадар се гледа запрепастената водителка во студиото.
„Изгледа дека изгубивме контакт со нашиот новинар. Ќе се обидеме повторно да стапиме во контакт со неа “, рекла водителката.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утринска програма на Телма се враќа на ТВ екраните

Почнувајќи од утре (среда, 22 септември) повторно стартува попопуларната Утринска програма на Телма со нови, …