(ВИДЕО) Русинки, бидејќи се сликале голи „на отворено“, уапсени во Дубаи!

Група Русинки се уапсени во Дубаи и обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи се фотографирале голи „на отворено“.
Видеото што се појави на социјалните мрежи во саботата, прикажува група голи жени кои се фотографираат на балкон.
„Меѓу уапсените има осум Русинки“, рекол рускиот конзулат, додавајќи дека обвинувањата против нив се „сериозни“.
За нарушување на јавниот ред и мир, чин на разврат може да резултира со парична казна до шест месеци затвор и парична казна од 5.000 дирхами (1.115 евра).
Многу закони на ОАЕ се засноваат на шеријатскиот закон, а луѓето биле затворани заради јавно покажување наклоност или хомосексуални односи.

Полицијата во Дубаи предупредила дека на секој што ќе објави порнографски материјал или каков било материјал што „може да му наштети на јавниот морал“ му се заканува затвор и парична казна.
Секое лице кое живее или ги посетува ОАЕ е предмет на законите на оваа земја, а туристите мора да ги почитуваат нив без исклучок.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Идеи за уредување: Како малиот стан да изгледа пространо!

Дизајнерката за уредување на ентериери Челзи Браун живее во стан од 48. квадратни метри во …