Корона и карантин – ништо нема да ви биде тешко ако ја слушате новата песна „Број еден“ на Марија Спасовска…
Марија Спасовска и Дарко Димитров повторно ја будат македонската музичката сцена со новата модерна тинејџ песна “Број еден”. Марија со нов стил, овојпат како автор на музиката и текстот во студиото со Дарко Димитров направија нова револуција со песната “Број еден” за македонската млада музичка генерација.
Со модерен стил и несомнено одличен аранжман Дарко Димитров направи Марија да прозвучи повторно музички сериозно со нејзините 15. години.
Режисерот за видеото Зоран Зонде Стојановски инспириран од Тинејџерската љубовна порака “те имам и те немам” го направи видео спотот да изгледа „наше а светски”. А, Даниел Николовски и Мите Занов се погрижија Марија да изгледа совршено и низ неколку современи стилови да ја прикажат модерната верзија на новото тинејџ време.
Пандемија или не кога се има што да се каже и испее се’ запира. А, токму тоа го покажа Марија која со нејзината композиција покажа дека има уште многу нешта да каже и испее…И, нема нешто што ова 15. годишна пејачка не може да го испее. Но, искрено не радува и нејзината соработка со Дарко Димитров кој, претпоставуваме, ќе го трасира нејзиниот музички пат…А, ако понатаму продолжат во овој стил – певливи песни но во кои повторно доаѓа до израз вокалот на Марија ЌЕ БИДЕ СУПЕР.
Се радуваме предвреме и им посакувамке успешна СОРАБОТКА!
Г.О.