(ВИДЕО+ФОТО) Јордан Митев со нова емотивна песна за фановите – „Татко“ за искреност и емоции (приказна од животот)

Јордан Митев ја промовира својата нова песна „Татко“, која како и сите останати е негово комплетно авторско дело. Токму фактот што самиот е креатор на целиот негов авторски репертоар, Митев го издвојува од останатите фолк пејачи на домашната естрада.

Песната е полна со искреност и емоции, бидејќи е создадена од вистинска приказна, од искушение низ кое што морал да помине еден син, кој неможел да присуствува на последниот поздрав за неговиот татко.

За песната снимен е и спот. Режијата и сценариото и овој пат се дело на пејачот, а техничката реализација и снимањето со постпродукцијата на видеото ги работеше неговиот долгогодишен соработник ЗАТИ. Видеото е снимено во познатиот скопски ресторант „Камин кама“.


До крајот на април Митев најавува уште еден проект.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Џеј Ло ја потврдила врската со Бен: Најдраг и е албумот кој го посветила на својот дечко Афлек

Додека нејзиниот поранешен свршеник страда за неа, латино дивата целосно ја поминала целата драма. Таа …