(ВИДЕО+ФОТО) После 10. години борба против алопеција, македонската новинарка и ТВ водителка ја извади перика и го воодушеви интернет

Новинарка и ТВ водителка од Македонија, Цеце Николова, го воодушеви интернет со својата храброст и позитивно гледање на животот.
Откако знае за себе, оваа млада девојка се бори со алопеција, губење на косата и влакната. Научила да носи перики уште од мали нозе, но признава дека навистина се уморила од нив во последно време. Затоа, таа решила да ги отфрли периките и да се фотографира во своето природно издание.
Нејзиниот позитивен став може да биде мотивација за секого, бидејќи нејзиното главно мото е: „Среќна сум што имам алопеција затоа што не е нешто од што можам да умрам!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

„Сакав да ви кажам нешто.
Ова сум јас.
Драго ми е што се упознаваме. 😁
Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка.
Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.
Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе.
2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика. 🙂
Ова сум јас, луѓе.
Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо…
Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! 🌸 Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фалабогу што изгледам како што изгледам.
Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих – заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.
И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.
Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …