Францускиот тенисер Гаел Монфис и украинската тенисерка Елина Свитолина објавија на социјалните мрежи дека наскоро ќе се венчаат.
Французинот ја запросил Украинката, која рекла „да“.
Славната тениска двојка ја изненади јавноста со свршувачката, со оглед на тоа што на социјалните мрежи на 23. февруари објавија дека по две години врска раскинале.
Монфис и Свитолина во тоа време рекоа дека им е тешко да се разделат бидејќи љубовта меѓу двајцата не престанала, но дека сфатиле дека е подобро за нив да бидат пријатели и дека е најдобро секој да оди по својот пат.
По нешто повеќе од еден месец, Монфис и Свитолина не само што ја обновија својата врска, туку и ја подигнаа на повисоко ниво.
Монфилс во моментов е 14-та тенисер во светот, додека Свитолина е на петтото место меѓу најдобрите тенисерки во светот.
YES !!! to the beginning of our forever 💍🥰 @Gael_Monfils #July2021 (XV) (III) pic.twitter.com/RnHBFl9w2M
— Elina Svitolina (@ElinaSvitolina) April 3, 2021
Фото: Принтскрин/Twitter