(ФОТО) Луис Хамилтон: „До крајот на сезоната ќе побелам!“

Луис Хамилтон, актуелниот светски шампион во Формула 1, верува дека Ред Бул може да биде дури и побрз од неговиот Мерцедес на следните трки.
Хамилтон славеше на првата трка сезонава во Бахреин, но со многу среќа бидејќи Макс Верстапен од Ред Бул беше побрз во квалификациите и во поголемиот дел од трката. За Мерцедес ова е прв пат во последните осум години да остане без пол-позиција на првата трка од сезоната.
Британскиот возач најави една од највозбудливите сезони во последните неколку години. Последен пат Хамилтон имаше вистински ривал во борбата за титулата во 2016. година, а тоа беше неговиот тимски колега Нико Розберг во тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

„Јас сум многу возбуден и пресреќен поради навивачите, среќен сум што сите се возбудени од борбата за титулата. Мислам дека тоа е нешто што навивачите го посакуваа долго време. Со брзината што ја има Ред Бул, може да биде уште повеќе пред нас, но ќе работиме напорно за да се обидеме да останеме близу до него во таа борба“, рече Хамилтон, најавувајќи големи дуели со Верстапен и тимскиот колега Валтери Ботас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton)

“Се надевам дека ќе имам многу блиски трки со Макс и Валтери. Има многу трки до крајот, дури 22! Јас ќе побелам до крајот на оваа сезона …”

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон ја освои 99. пол позиција во кариерата

Луис Хамилтон, возач на Мерцедес, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија …