(ПОСНО) Какао колач со бадеми и лешници

Посен чоколаден десерт со бадеми и лешници.
Состојки:
– 125 гр печени излупени бадеми
– 125 гр печени лешници
– 130 гр кандиран ананас
– 2 лажици какао
– 1 лажица цимет
– 100 гр пченично меко брашно
– 170 гр мед
– 30 гр шеќер
– 2 кесички ванилин шеќер
– 70 гр посно црно чоколадо
Подготовка:
Грубо исецкајте ги бадемтеи и лешниците, додадете ананас, какао, цимет и брашно.
Загрејте ги медот, шеќерот и ванилиниот шеќер да се стопат, вмешајте го чоколадото, а потоа измешајте сè заедно и растопете.
Истурете ја врелата смеса врз претходно подготвената смеса (брашно и други состојки) и убаво измешајте.
Подготвената маса брзо истурете ја во калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да добиете рамна површина.
Печете во рерна загреана на 170 степени околу 30 минути.
Испечениот колач изладете ја, завиткајте ја во фолија и оставете ја да отстои, по можност до утре.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КАКО СЕ СОЗДАВА – Што е куќна прашина и зошто секогаш ја има во домот

Прашината во нашите домови е нешто како превртено огледало на нашите животи. Ги прикажува сите …