(ВИДЕО) Доктор и јавил на пациентката дека процесот на „ин витро“ успеал: Снимката станала ХИТ!

Да се забремени за некои парови е долг и болен процес. Ова е особено точно за оние кои се подложени на медицинска асистирана репродукција, односно процедури кои вклучуваат инјекции на хормони и хируршки процедури, и нема гаранција за успех.
Затоа, кога конечно пристигнува добрата вест, луѓето се прилично возбудени. Една клиника за плодност на „ТикТок“ објавила снимка на која се гледа како лекар ја повикува својата пациентка за да и соопшти дека е бремена.
“Каде е твојата девојка? Дај ми ја на телефон, пријателе”, вели на почетокот д-р Лоренс Б. Верлин, кому му се јавил партнерот на пациентката.
Кога ја добил пациентката, лекарот се свртел кон персоналот, започнал да одбројува и тие извикале: „Бремена си!“
„Честитки“, вели д-р Верлин, додека пациентката ентузијастички му се заблагодарува.

@coastalfertilityWe celebrate your success. ##ivf ##ivfpregnancy ##emotionalvideos ##fertilityclinic ##successfulivf ##fertilitydoctor ##ivfstruggles

♬ original sound – Coastal Fertility Medical

@coastalfertilityDr. Werlin has his fun letting the patients know they are pregnant and we have our fun delivering him the news! ##ivfjourney ##ivfgotthis ##ivfpregnancy

♬ original sound – Coastal Fertility Medical

Очекувано, снимката станала вирален хит, а од клиниката рекле: „Ние не сме само центар за плодност, ние сме семејство“.

Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Осум најдобри чаеви за детоксикација кои помагаат во чистење на организмот од токсини

ДЕТОКСИФИКАЦИЈАТА на организмот може да се спроведе на различни начини. Тоа е природен процес на …