(ВИДЕО) ПРЕУБАВО – Голем океански пат: 243. километри фасцинантна историја и најубавите пејсажи на Австралија!

Големиот океански пат е на списокот на австралиски национални богатства, а многумина го сметаат за најдолг воен споменик во светот.
Изградбата на овој пат, за кој се вели дека обезбедува најголемо задоволство во возењето во светот, започнала веднаш по Првата светска војна и траела цели 13. години.
Покрај неговото симболично и економско значење, изградбата на патот обезбедила работни места за многу невработени Австралијци во тешките години на Големата депресија.
Покрај обезбедувањето уникатен панорамски поглед, овој пат е и споменик посветен на жртвите од Првата светска војна, а во неговата изградба учествувале 3.000 воени повратници.

„Дванаесетте апостоли“
Патот поминува низ Националниот парк Grejt otvej и неговата голема шума, а потоа избива на познатата формација на варовнички карпи кои го одземаат здивот, познати како „Дванаесетте апостоли“.
Патот, долг 243. километри, се протега по јужниот брег на Австралија и се копал рачно низ карпестиот и густо пошумен брег.

Станува збор за монументални варовнички столбови кои некогаш биле составен дел од карпестиот брег, но со текот на времето и ерозивните процеси се одвојувале од него и сега излегуваат сами од разбрануваната вода на океанот, пишува Национална географија.

Фото: Принтскрин/You Tube/About Australia

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …