Јапонците тврдат дека крвната слика може да го открие вашиот карактер

ЛУЃЕТО се со различни карактери, а Јапонците веруваат дека можете да предвидите нечии карактеристики според крвната група.
Кетсуеки-Гата, која се појавила во Јапонија, во основа е теорија за личноста според крвната група.

Научниците исто така се занимавале со оваа теорија и еве ги заклучоците до кои дојдоа:

Крвна група 0
Луѓето со крвна група 0 имаат голема самодоверба, решителни се, еластични и позитивни. Секогаш можете да сметате на нив поради нивното големо чувство на одговорност. Иако прилично добро се согласуваат со другите, тие претпочитаат да бидат сами. Сепак, тие исто така покажуваат рамнодушност кон другите и најмногу се фокусираат на себе. Типични работохолици се кои работат до истоштеност.

Крвна група А
Тие се повлечени, воздржани, разумни и искрени. Нивната желба за прецизност понекогаш се граничи со перфекционизам. Ако нешто не оди според нивните планови, тоа им предизвикува многу стрес. Исто така, вообичаено е тие да бидат многу чувствителни по природа. Лошо се справуваат со стресот поради повисоките нивоа на кортизол, затоа треба да размислите за некое релаксирачко хоби како јога или сликање.
Тие секогаш размислуваат двапати пред да направат нешто, така што тие се луѓето на кои секогаш можете да им верувате. Луѓето ги ценат затоа што се нежни и љубезни, но интересно е дека им е тешко да им се доверат на другите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …