(ВИДЕО) ФИТ БАБА: 81. годишна не пропушта ниту еден фитнес предизвик – станала сензација

АКО неодамна сте поминале извесно време на TikTok, веројатно сте ја виделе Ерика Ришко на вашиот „фид“. 81-годишната жена себеси се опишува како „наркоман за фитнес“ и станала популарна на „ТикТок“ со нејзините видеа во кои изведува различни предизвици за фитнес.
Од објавувањето на првото видео на TikTok во април 2020. година, собрала повеќе од 117,000 следбеници и над 2,2 милиони лајкови.
„Одговорот беше пред се позитивен, што го сметав за многу возбудлив затоа што бев многу несигурна цел живот“, рекла Ришко во интервју за Good Morning America.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Како што рекла тогаш, таа се осмелила да се приклучи на социјалните мрежи откако пандемијата на коронавирусот предизвикала затворање на спортски сали и студија за вежбање. Таа рекла дека нејзината ќерка ја убедила да сними неколку видеа каде што ги изведува вежбите, кои ќе ги сподели со пријателите и семејството на Инстаграм. Но, никој не очекувал дека ќе стане исто толку популарна.
„Ќерка ми ми го откри TikTok затоа што на германската телевизија беа прикажани некои предизвици за танцување, а апликацијата стана многу популарна за време на пандемијата“, продолжила Ришко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Освен во танчерските предизвици во кои и се придружии и нејзиниот сопруг, Ришко се обидела и со голем број популарни предизвици за фитнес како што се #cupidshufflechallenge, #toosieslidechallenge, едноминутен#abchallenge и #planchallenge

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erika Rischko (@erikarischko)

Таа исто така започнала да објавува видеа од вообичаените тренинзи, а исто така открила и дека започнала да вежба дури кога била на средина на 50-тите години, откако нејзините деца се иселиле од семејниот дом.
„Бев осамена“, споделила таа во интервјуто.
Затоа, таа решила да се пријави во теретана, но признава дека воопшто не уживала во вежбањето во текот на првите пет години. Но, денес таа вежба двапати на ден, неколку пати неделно, пишува Shape.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еве кои намирници помогнуваат да се намали холестеролот!

Храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. …