(ВИДЕО) Овие 6. земји сигурно одат во финалето на Евросонг – иако, некои се на дното на кладилниците

Остануваат уште 45. дена до почетокот на Евровизија и 39. земји од Европа ќе се борат за што подобар пласман на натпреварот. Обложувалниците се непредвидливи и не се ниту споредливи со мислењата на музичките критичари, но тие и така не се важни…
26. земји ќе се натпреваруваат во финалето, со тоа што по десет земји одат во финале од секоја полуфинална вечер. Но, на шест земји им е загарантиран влез во финалето, иако некои од нив се на дното на обложувалниците и немаат премногу симпатии од публиката.
Ако сте забележале дека Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија се секогаш во финалето – тоа не е поради публиката или квалитетот на песната, туку заради правилата на натпреварот. Така ќе биде и оваа година.
Шпанија, Франција, Велика Британија, Германија и Италија се нарекуваат пет големи земји и според правилата секогаш се наоѓаат директно во финалето. До 2000. година, во оваа група имаше четири земји, а откако Италија се врати на Евровизија по пауза од 14. години, тие се нарекуваат Голема петорка и тие се најголемите финансиски соработници на ЕБУ, Европската радиодифузна унија, која го организира натпреварот.

Шестата земја која директно се пласираше во финалето е земјата домаќин, а оваа година е Холандија.
Големите пет земји кај обложувалниците оваа година навистина не блескаат. Освен француската претставничка Барбара Прави, која е една од фаворитите и Италија, која е на 5-то место на обложувалници, публиката не ги сака другите.

Во моментов Шпанија е рангирана на 36-то место на обложувалниците, Велика Британија е на 22-то и Германија е на 32-то место. Домаќинот Холандија нема голема поддршка ниту од публиката и е на 28-то место во тековниот поредок во обложувалниците за победникот.
Неодамна се одржа и ждрепката за настап па Васил Гарванлиев ќе настапи како 6. на првата полуфинална вечер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Утре почнува Евросонг – нови правила поради корона вирусот

Околу 3.500 навивачи со негативен тест за ковид ќе учествуваат во финалето на 22. мај …