(ФОТО) МРАЧНИТЕ ТАЈНИ НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Пиел од осумгодишна возраст, пушел и варел крек, „се давел“ во алкохол и се расфрлал со стотици илјади долари на татко

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, напишал експлозивна автобиографија „Убави работи“ и детално ја опишал зависноста од дрога и алкохол. Книгата, која излегува на 6. април, веќе станала апсолутен хит.
Хантер Бајден, 51-годишен адвокат, пишува за својата зависност од дрога и алкохол на 255 страници од книгата, по која веќе владее лудило, но и за трагедиите што го снашле – смртта на неговата мајка и брат Бо.
Посебна благодарност добила неговата сопруга, јужноафриканската режисерка Мелиса Коен, со која неодамна добил син и за која вели дека го извлекла по десет години скитање во неизвесност.


Во својата автобиографија, Бајден пишува за тоа како прв пат вкусил алкохол како 8-годишно дете кога го дочекале со чаша шампањ на забава на која неговиот татко прославил нова победа на изборите во Сенатот.
Прв пат се опил како 14-годишник, а за време на студиите во Џорџтаун и Јеил, не се ни трезнел.
Тој се пријавил на рехабилитација кога веќе бил трикратен татко, и клекнал на колена во авионот, кога на стјуардесата и нарачал коктел и испил уште три до крајот на летот. Тој не крие дека секогаш бил склон кон алкохол, но вели дека дефинитивно бил погоден од смртта на неговиот постар брат Бо, државниот обвинител кој починал како 46-годишник од глиобластома, малигнен тумор на мозокот.


Тогаш неговиот брак дефинитивно се распаднал: поради поврзаноста со вдовицата на неговиот покоен брат, кој, како што вели, била единствената што можела да ги разбере неговата тага и болка.
Покрај тоа, тој станал зависен од кокаин и неговиот многу поевтин дериват на крек, што го купувал на улица: негов дилер бил средовечна бездомничка, чие име не сакал да го објави во книгата. Но, тој се надева дека откако ќе биде објавена книгата, ќе го контактира – ако е сеуште жива – за да и помогне, за што смета дека е негова мисија.
„Јас трошев илјадници долари неделно на крек, а Реа (псевдонимот на дилерката) се всели кај мене на пет месеци“, напишал тој во својата автобиографија, опишувајќи го настанот кога дилер од Лос Анџелес му вперил пиштол во главата, како научил од Реа како да вари дрога.


„Воопшто не спиев и во најлош период пушев крек на секои петнаесет минути“, навел, додавајќи дека во тој момент постојано одбивал каква било помош што преплашените татко и маќеа Џил се обиделе да му ја дадат.
„Немаше да се извлечам ако не ја запознав Мелиса Коен. Таа ги имаше истите очи како мојот покоен брат, и по една недела познанство ми беше јасно дека со неа ќе ги поразам демоните на мојата зависност, напишал Хантер Бајден објаснувајќи зошто ја напишал својата автобиографија „Убави работи“.
„Тоа беше мантрата на мојот брат за време на неговото боледување: и покрај најтешката прогноза на лекарот, Бо знаеше до последниот ден да ја цени огромната убавина на животот и светот. Благодарение на него и Мелиса, преживеав и го исполнив заветот што му го дадов на брат ми на неговата смртна постела”, навел Хантер Бајден.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …