Што се’ може да се случи со вашето тело ако одеднаш почнете помалку да одите?

АКО и вие спаѓате во групата што ги замени своите канцеларии со работа од дома, можеби сте забележале дека одите сè помалку и поминувате се повеќе и повеќе време покрај вашето биро.
И, иако веројатно сте чуле многу за ефектите од седењето цел ден, еве уште неколку несакани ефекти што може да ги почувствувате откако ќе започнете помалку да одите:

1. Ќе бидете помалку издржливи
Кога вашата дневна рутина за одење ќе престане, може да очекувате да изгубите од издржливост, особено ако не го замените одењето со други форми на вежбање, според физиотерапевтот од Њујорк, Сем Бекуртни.
Ако вашиот кардиоваскуларен систем не го добие истиот дневен стимул, може да започнете да имате потешкотии во извршувањето на секојдневните задачи како готвење, чистење или средување намирници.
За да ја одржите издржливоста и да го одржувате срцето здраво, треба да правите околу 150 минути аеробни вежби со умерен интензитет секој ден, препорачуваат Центрите за контрола и превенција на болести. Ако не можете да шетате по вашето соседство, аеробик, пливање или возење велосипед се добри алтернативи.

2. Може да почувствувате затегнатост во колковите
Пешачењето е одличен начин за релаксација на укочени колкови. Намалувањето на поминатите километи во комбинација со продолжено седење може да доведе до болка во колкот, според Franciscan Health.
„Општо, ако предолго останеме во некоја позиција, на нашето тело не му се допаѓа и постепено ќе се чувствуваме поукочено“, вели Бекуртни.

3. Може да доживеете болка во грбот
Седењето цел ден не е најдоброто нешто за вашето држење на телото и здравјето на грбот. Затоа, ако ја замените вообичаената рутина за пешачење со подолги периоди на седење, може да почнете да чувствувате болка во долниот дел на грбот, вели Бекуртни.

4. Може да почувствувате болка во глуждот или стапалото кога ќе почнете да се загревате
По ненадејна пауза во вашата рутина за одење, нема да ви биде лесно да се вратите на одење или да трчате на подолги растојанија. Продолжувањето на рутината како никогаш да не сте имале пауза може да предизвика болка во стапалата или глуждовите, вели Бекуртни.

Според клиниката Мајо, пребрзото зголемување на нивото на активност по неактивност е честа причина за повреда. Постепено зголемување на поминато растојание и брзина е најсигурниот пат до успехот, пишува Livestrong.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Путерот е неверојатен ХИДРАНТ за кожата на лицето! За секое нанесување, кожата ќе ви каже БЛАГОДАРАМ!

Доколку сè уште немате „путер за тело“ во вашето шкафче за креми, сега е вистинско …