(ФОТО) ГОЛЕМО И ХУМАНО СРЦЕ НА ПОЗНАТАТА СТАРЛЕТА: Кајли Џенер донирала 500.000 долари за деца заболени од РАК и на тој начин одала ПОЧЕСТ на пријател!

Кајли Џенер донирала половина милион долари на детската болница во Вандербилт и на овој начин му оддала почит на својот пријател Хари Хадсон, пејач и текстописец кој се излекувал од рак.
Џенер, во соработка со непрофитната организација „Teen Cancer America“, помогнала да се отвори дел од болницата каде што можат да се собираат млади пациенти заболени од рак, да играат видео игри, да гледаат филмови и да медитираат.


Во 2017 година, таа објавила дека ќе започне соработка со организацијата „Teen Cancer America“. Потоа изјавила дека собрала пари преку роденденската колекција на нејзината линија за шминка за да и помогне на оваа организација.
– „Тинејџер рак Америка“ е одлична организација и драго ми е што научив нешто за нејзината работа преку Хари. Испраќам добри желби на сите пациенти и нивните семејства – рекла Џенер.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Неименуван извор за американскиот портал изјавил дека Џенер била присутна на многу од терапиите на Хадсон и дека била свесна за посебните околности низ кои поминал за време на заздравувањето.
– Кога на Хари му беше дијагностициран Хочкинсов лимфом, пред три години, една од работите што навистина го погодила него но и Кајли била неможноста да им пружи поголема емоционална поддршка на тинејџерите. Тие сметаа дека покрај третманот, важно е и просторот да биде уреден на начин на кој пациентите ќе се чувствуваат удобно – рекол изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Минатата година Џенер донирала милион долари на д-р Таис Алиабади за да и помогне во акцијата за купување стотици илјади маски и друга заштитна медицинска опрема што била неопходна за борба против пандемијата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТЕСТ ЗА ЛИЧНОСТ на Фројд: Одговорете на осум кратки прашања и дојдете до најдлабоката точка на вашата потсвест

Одговорите нека бидат она на што прво ќе помислите Зигмунд Фројд се смета за татко …