Игор Ангеловски: „Не сме свесни што направивме, вие сте моите херои – Овие момци уште еднаш ја направија Македонија горда!“

„Никогаш не сме победиле репрезентација со толку титули. Среќен сум што работам со такви фудбалери, честитки до нив…“
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа голем триумф на гости кај Германија а по натпреварот, селекторот Игор Ангеловски не го криеше задоволството и им честита на играчите за големиот подвиг на гостински терен.

„Овие момци уште еднаш ја направија горда Македонија, против четирикратен светски, трикратен европски шампион. Дваесетгодишна традиција без пораз. Кој, ако не тие да ја срушат таа традиција? Тие се нашите спортски херои, тоа се нашите фудбалери кои ја кренаа нацијата на нозе, така што, Македонијо, радувај се и слави ги овие херои. Оваа победа е налик на ова ЕП. Никогаш не сме победиле репрезентација со толку титули. Среќен сум што работам со такви фудбалери, честитки до нив. Сега мора да се одмориме, не сме уште свесни што направивме. Овој триумф е за сите, но и за оние кои им го донесовме овој успех, да сфатат што правиме. Добро знаете кои се. Ако еден Јоаким Лев пријде и ти честита за петгодишната работа, тогаш се надевам дека сите ќе се свестат што направивме и каков тим е ова. Но, оваа победа е за целиот народ.“, изјави Ангеловски.

За Македонија ова беше втора победа во квалификациите за СП 2022, по онаа над Лихтенштајн на домашен терен во претходното коло.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Германски вирусолог порачал дека вирусот нема да не напушти: „И’ догодина ќе мораме да се вакцинираме!“

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, вчера изјавил дека е …