Во Нов Зеланд постои продавница во која се е бесплатно

Главниот град на Нов Зеланд, Велингтон, стана град со многу невообичаено место, продавница каде сè е бесплатно.
Оваа „Социјална продавница“ или „банка за храна“ како што се нарекува, е основана од градската организација „Мисија на Велингтон Сити“, која е основана во 1904. година со цел да одговори на барањата и потребите на локалното население.
Нивната цел, меѓу другите, е да изградат заедница заснована на грижа за другите.
Идејата за основање на ваква продавница произлезе од потребата за поддршка на заедницата преку обезбедување на пристап до храна кон луѓето и можност да изберат што сакаат. Исто така, се планира проширување на мрежата на вакви продавници во наредниот период.

Наместо цена, поени за купување
За да се реализира можноста за купување тука, сите заинтересирани треба да контактираат со организацијата, за да објаснат во каква ситуација се наоѓаат и зошто им е потребен ваков вид на помош. После тоа, тие закажуваат состанок кога ќе можат да одат на шопинг.
Наместо цени, предметите во продавницата се обележани со поени од 1 до 5, каде 1 поен вреди за најевтините намирници, додека 5 поени вредат намирници во вредност од повеќе од 10 долари.


Во зависност од ситуацијата во која се наоѓа лицето, организацијата одлучува колку поени за набавката ќе му бидат доделени. На пример, возрасно лице со слободен брачен статус би добило околу 55 поени, додека семејството би добило значително повеќе.
На овој начин, социјално загрозените лица не добиваат готов пакет храна, туку сами одлучуваат што да купат и како да управуваат со својот буџет.
Веќе има околу 3000 производи во продавницата и во нив можете да најдете сè, освен алкохол и цигари. Социјалната продавница има поддршка од големи ланци на супермаркети, но донациите се секогаш добредојдени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …