(ВИДЕО) Македонските фудбалери со песна ја прославија победата против Германија!

Македонските фудбалери под извонредното водство на Игор Ангеловски во гости ја совладаа Германија со 2:1…Тоа беше натпревар во кој уживаа сите љубители на фудбалот без оглед од која земја се…
Дури и коментаторот на Спорт клуб на моменти не можеше а да не ги прокоментира сите неправди кои судиите им ги направија на нашите фудбалери – измислени пенали, недосудени пенали, фаули, бесот кај германските фудбалери бидејќи беа немоќни пред македонските момчиња…


И’, кога заврши се и се замина во соблекувалната е тука дојде вистинската прослава за историскиот успех – фудбалерите и стручното ракјоводство едноставно скандираа „Македонија, Македонија…“ и уште еднаш ни покажаа дека кога се игра со срце кое се остава на теренот се е можно.
Браво за Игор Ангеловски и неговите херои!

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВРОВИЗИЈА 2021: Европската јавност за Васил Гарванлиев – „Учиме многу од тебе!“

По успехот на Тамара Тодевска во 2019-та, Гарванлиев чувствува огромна одговорност, но воедно и ужива …