(ВИДЕО+ФОТО) КАКВА НОЌ ДА СЕ БИДЕ МАКЕДОНЕЦ: Македонските фудбалери ја победија Германија и ни подарија најголема радост!

Фудбалската репрезентација на Македонија изигра неверојатно на гостувањето против Германија.
Македонија победи со резултат од 2:1 и освои огромни бодови во квалификациите за СП 2022.


Првиот гол го даде Горан Пандев, а вториот Елиф Елмас.


Судијата беше гение – виде пенал каде што го нема за да Германија изедначи од пенал, а не виде очигледен пенал кога германски фудбалер играше со рака. Сепак, одличната тактика на Игор Ангеловски, и дисциплината на нашите фудбалери, придонесе Македонија да победи со 2:1, иако имаше и други шанси.


Нашите момци се покажаа во најдобро можно светло! Македонија е горда со вас!

Фото: Принтскрин/Youtube/Sportklub

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …