(ФОТО) Триумфот во трилерот во Бахреин за Хамилтон!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја отвори сезоната со триумф на трката за Големата награда на Бахреин, бидејќи во директниот дуел за победа беше подобар од Макс Ферстапен во Ред Бул.

Британскиот возач на патеката „Сакир“ ја забележа 96-та победа во кариерата, а тој мина низ целта со седум и пол десетти предност пред Ферстапен. На третиот чекор од подиумот се најде вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој заостануваше повеќе од половина минута зад водечкото дуо.

Првата трка во сезоната беше решена во самиот финиш, во директен дуел помеѓу Хамилтон и Ферстапен. Двајцата имаа различни стратегии, самиот почеток му припаѓаше на младиот Холанѓанец, а со претходните заминувања по нови гуми, актуелниот шампион успеа да се пробие и да остане во водство.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …