(ФОТО) По хемотерапијата и рекле дека нејзините шанси за „плодност“ се како на 45. годишна жена: Но, не загубила надеж и се случило чудо!

Лекарите биле многу скептични, знаејќи ја здравствената историја на девојката, а Меган се надевала дека бременоста ќе помине нормално…
Меган Енис од Даблин имала само 24. години кога открила дека има Нон-Хочкин лимфом, малигна болест на лимфниот систем. Едно утро, во април 2017. година, таа се разбудила со болки во градите.
Иако не мислела дека станува збор за нешто сериозно, отишла на лекар и веднаш била испратена на испитување во болницата „Мајка“ во Даблин.
„Се разбудив едно утро во април 2017. година со лесна болка на левата страна од градите. Чувствував болка само кога длабоко земав здив“, се присетила Меган.


Девојката мислела дека има лесна инфекција на градите или нешто слично. Сепак, по анализите на крвта и рендгенските зраци, лекарите ги забележале оштетените бели дробови и ја испратиле на дополнителни тестови, биопсија и скенер.
„Две недели подоцна, ми беше дијагностициран лимфом, кој подоцна беше дијагностициран како дифузен лимфом на Б-клетки Нон-Хочкин“, објаснила Меган.


Таа се обидела да остане позитивна за време на третманот – дури и кога нејзиниот изглед започнал да се менува драстично.
„Почнав со хемотерапија, а по само две недели косата ми падна, па мајка ми ми ја избричи главата. Јас воопшто не носев перика, бев ќелава подолг временски период“, изјавила денес 27-годишната млада мајка.
Девојката се борела со сите сили и одлучила дека нема да дозволи ракот да и ја одземе радоста на животот.
„Не тврдам дека немав тешки и лоши денови, но позитивниот и отворен став многу ми помогна за време на третманот“, истакнала Меган Енис.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО: Алек Болдвин на премиера дошол со сопругата и шесте деца!

Алек Болдвин (63) и неговата сопруга Хиларија (37) присуствуваа на премиерата на неговиот нов филм …