Студија открива кој најтешко се опоравува од Ковид – 19

Една нова студија открива дека седум од десет лица хоспитализирани за ковид 19, пет месеци по излегувањето од болница не се опоравиле целосно.
Луѓето кои прележале корона вирус и по завршувањето на инфекцијата имаат здравствени проблеми – едно од пет лица пријавило нов здравствен проблем, а сличен број или не работат или мора да ја сменат работата поради нивното здравје, според наодите на Британски научници.
Средовечните жени кои имале потешка форма на болест, како и луѓе кои имале дијабетес, астма или срцеви заболувања, се изложени на најголем ризик од трајни симптоми.
„Нашите резултати покажуваат симптоми, ментални и физички здравствени проблеми и докази за оштетување на органите пет месеци по отпуштањето од болница по Ковид 19“, рекла Рејчел Еванс, професор на Универзитетот во Лестер.
Една студија спроведена низ Велика Британија анализирала 1.077 лица кои биле отпуштени од болница во периодот март и ноември 2020. година,кои развиле ковид 19. Меѓу нив, 36 проценти биле жени, а 50 проценти имале најмалку две состојби кои ги изложуваат на ризик за потешка форма на ковид.


Кога учесниците биле следени пет месеци подоцна, само 29 проценти од луѓето рекле дека се чувствуваат целосно опоравени, додека повеќе од 90 проценти од луѓето имале барем еден постојан симптом, а повеќето искусиле во просек девет постојани симптоми.
Најчести биле болка во мускулите, замор, физичко забавување, нарушен квалитет на сон, болки во зглобовите или отоци, отежнато дишење, краткотрајно губење на меморијата и бавно размислување, според податоците од истражувањето.
Ковид оставил и последици од менталното здравје – повеќе од 25. проценти од луѓето имале клинички симптоми на анксиозност или депресија, а 12. проценти имале симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).
Пет месеци по испуштањето, пациентите со најтешки симптоми имале повисоко ниво на протеин наречен Ц-реактивен протеин, кој е поврзан со воспаление во телото.
„Знаеме дека автоимунитетот, кога телото има имунолошки одговор на сопствените здрави клетки и органи, е почест кај жени на средна возраст. Ова може да објасни зошто пост-ковидниот синдром се чини дека е позастапен во оваа група, но потребна е дополнителна анализа за целосно разбирање на сите процеси“, рекол авторот на студијата, Луис Вејн, за Универзитетот во Лестер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …