(ВИДЕО) Мачката не се одвојува од дедото откако сфатила дека е тешко болен

Пред два месеци Кели Нунгент отпатувала од Флорида во Њујорк да се грижи за нејзиниот болен татко и со себе за да и помогне, ја земала нејзината мачка Слаткиот компир.
Таткото на Нунгент се лекува од рак на коскена срцевина, и таа сакала да биде со него во тој тежок период.
„Почнува навистина тешко да се снаоѓа и очајно му беше потребна 24-часовна грижа“, изјавила Нугент за The Dodo.
„Татко ми е мој најдобар пријател и сфатив дека едноставно треба да бидам таму со него“.

@french75vintageSometimes all you need is a support cat ##catsoftiktok ##catlover ##supportcat ##bestfriendscheck♬ Home – Edith Whiskers

Нунгент на својот профил на ТикТок споделила симпатично видео во кое открила дека нејзината мачка се поврзала со нејзиниот татко веднаш штом го видела и дека не се одделува од него откако сфатила дека е болен
„Тоа е најслаткото нешто досега бидејќи може да се забележи дека мачката чувствува дека нешто не е во ред. Татко ми порано сметаше дека кучињата се подобри од мачките затоа што имаат поголема емпатија, но сега е убеден дека мачките чувствуваат на ист начин”, рекла таа.

@french75vintageUpdate on my dad and cat becoming best friends. ##catsoftiktok ##catlover ##besties ##bestfriends♬ Just the Two of Us – Grover Washington, Jr.

„Татко ми има посебна фотелја и секогаш кога ќе седне во неа, Слаткиот компир му скока во скутот и се милува со него. Спие во неговиот кревет, а кога татко ми е покрај компјутерот, скока на тастатурата. Таа исто така не се одделува о него ниту кога јадеме“.
Таа објаснила дека здравјето на нејзиниот татко неодамна се подобрило и дека е убедена дека мачката има нешто со тоа.

Фото: Скриншот/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …