(ФОТО) Ферстапен доминира – убедливо до пол позицијата

Откако беше најбрз на сите три слободни тренинзи, возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше и најдобар во квалификациите за Големата награда на Бахреин, па трката во недела ќе ја започне од пол-позицијата.
Ферстапен беше најбрз во време од 1: 28,997 и е голем фаворит пред недела.
„Имавме одлична недела на тестирање. Нема гаранции, но автомобилот функционира како што треба, задоволство е да се вози. Ветерот се менува, моравме да се прилагодиме, но успеавме. Среќен сум за пол-позицијата. Болидот е одличен и на кратки и на долги растојанија“, рече Ферстапен.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон пристигна втор во Мерцедес, тој беше побавен од Холанѓанецот за 0,388 стотинки.

„Честитки за Макс, одлична работа досега. Дадов максимум. Момците во фабриката завршија извонредна работа, ние сме блиску до Ред Бул и мислам дека тоа е успех засега“, истакна Хамилтон.
Трет беше тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас, со 0,589 секунди зад Ферстапен, четврти беше Чарлс Леклерк во Ферари, а петти беше Пјер Гасли во Алфа Таури.

Трката е на програмата во недела од 17.00 часот по средноевропско време, со директен пренос на Спорт Клуб 1.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Филм за Шумахер кој е поддржан и од неговото семејство

Од несреќата што му се случи на скијање, речиси ништо не се знае за Михаел …