(ВИДЕО) Кристијано „се извадил“ – го усреќил момчето кое минало 1300 километри за автограм

Момчето кое држеше транспарент на белградскиот аеродром со порака „Кристијано, минав 1.300 километри за да добијам твој автограмот“, го исполни својот сон.
Тоа е Борис, кој дошол од Полска заедно со неговиот татко и се сретнал со еден од најдобрите фудбалери во светот во еден белградски хотел, добил автограм и заедничка фотографија.
Неговиот татко Лукас изјавил за Танјуг дека користеле неколку слободни денови во целата оваа ситуација со вирусот корона и дека се пресреќни што сонот на Борис се остварил.
„Често доаѓаме во Белград, ова е по 15-ти пат. Знаеме колку е тешко да се стигне до Роналдо, особено сега кога има пандемија, но успеавме. Борис доби автограм, заедничка фотографија и топка со потписи на сите репрезентативци на Португалија“, посочил Лукас.


Таткото на Борис е голем навивач на Легија и Црвена звезда, тој бил на неколку натпревари на црвено-белите, а ги издвоил натпреварите во Лигата на шампионите против Баерн во Белград и Наполи во Неапол.
„Сите фудбалери на Звезда се наши миленици, се разбира, најмногу Филип Младеновиќ, кој игра за Легија“, истакнал таткото на Борис.

Инаку, покрај Роналдо, Борис се сретнал и со српското момче Тодор во Белград, и заедно успеале да стигнат до идолот и да го остварат својот сон.


„Пред две години, кога дојде Роналдо, се обидов да дојдам до него, но не успеав. Штом дознав дека Португалија е повторно во групата со Србија, направив план, зедовме соба во Хајат и успеавме во тоа. Ми се потпиша на дресот на Јувентус“, рекол емотивно Тодор.
Роналдо вечерва од 20:45 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ ќе ја предводи селекцијата на Португалија против Србија во квалификациите за СП.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фотографијата на Роналдо и Мбапе од тунелот после натпреварот е хит на интернет

ФРАНЦИЈА и Португалија одиграа 2:2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На …