ЗДРАВЈЕ НА ЧИНИЈАТА: Ја откриваме тајната на белиот зеленчук ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ!

Верувале или не, бојата на храната е еден од индикаторите за хранливи материи

Здравјето доаѓа на уста, особено кога станува збор за белиот зеленчук. И покрај непишаното правило дека колку повеќе бои има една намирница, толку е подобра храната, белиот зеленчук, кој вклучува карфиол, кромид, печурки и компири, честопати се занемарува. Белиот зеленчук е клучен за здравјето на организмот бидејќи му ги обезбедува сите потребни влакна, витамини и минерали.
Редовната конзумација на карфиол влијае и на превенција од карцином
Карфиолот содржи фолна киселина, која е важна за зајакнување на коскеното ткиво и подобрување на здравјето на крвните садови и циркулацијата. Редовното консумирање на овој зеленчук влијае и на превенција од карцином. Богато е со растителни влакна и малку маснотии.

Печурки – извор на витамин Д


Тие се малку калорични, без холестерол и без глутен. Сепак, тие носат богатство на селен, калиум, рибофлавин, ниацин и витамин Д. Интересно, тие се богат извор на умами вкусовите, петти основен вкус по слатко, солено, горчливо и кисело. Умами има пријатен вкус кој доаѓа од глутаминатот, еден вид аминокиселина и рибонуклеотид кој се јавува и во аспарагусот и во шитаке печурките. Печурките, со своето присуство, им помагаат на другите намирници да „оживеат“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …