(ВИДЕО+ФОТО) Чупиќ го напушта Вардар: Погледнете како навивачите ја испратија легендата!

Иван Чупиќ не е само легенда на хрватскиот, туку и македонскиот ракомет и воопшто спортот во нашата земја.
Ракометниот клуб Вардар е најуспешниот македонски клуб на меѓународната арена, а Чупиќ е еден од неговите клучни играчи во последните пет години.


За тоа време, Вардар освои три шампионски титули во Македонија и два купа, а Чупиќ е еден од најзаслужните за двете Лиги на шампиони и една регионална лига.

Омиленото десно крило сега се враќа во татковината, Хрватска, на 34-годишна возраст и по 14 години во странство и ќе биде новиот играч на Загреб.


Пред тоа го чека дербито на македонскиот шампионат против Пелистер. Поради короната, натпреварот се игра без публика, но на последниот тренинг на Вардар пред дербито навивачите на тој клуб Комити го искористија за да се збогуваат со својот омилен Хрват.


Тие во чест на Чупиќ подготвија факели, скандираа „Чупиќ, мајстори“ и му го дадоа своето навивачко знаме со неговиот лик.

Фото: vardarfans.mk

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БАРСЕЛОНА ОВА ДОЛГО ГО ЧЕКАШЕ: Меси останува на „Камп Ноу“, Аргентинецот се согласил да ја продолжи соработката!

Фановите на Барселона долго чекаа на веста дека Лионел Меси го продолжува договорот со клубот …