(ФОТО) Роналдо растажил дете кое, поради него, минало 1.300 километри

Португалските фудбалери пристигнаа во Белград во четвртокот вечерта, каде во сабота од 20:45 часот ќе се соочат со Србија во второто коло од квалификациите за Светското првенство. Тоа била можност за навивачите од овој дел на Европа и пошироко да го видат Кристијано Роналдо во живо, а асот на Јувентус ги сруши соништата на едно момче.
Роналдо и Португалецот на аеродромот ги пречекаа новинари, но и голем број навивачи, меѓу кои имаше и момче со транспарент.
„Кристијано, минав 1.300 километри за да го добијам твојот автограмот. Борис“, момчето држело транспарент додека неговиот татко го носел на рамената за да стане уште повидлив.


Сите очекуваа дека ова ќе го трогне Португалецот, но се случило спротивното.
Роналдо ја поминал пасошката контрола, а потоа се качил во автобусот со соиграчите без да се поздрави со навивачите.
Имало силни безбедносни сили околу автобусот, кои не дозволувале никој да не им приоѓа на играчите.



Момчето и неговите родители не откриле од каде пристигнале во Белград.


Натпреварот се игра во сабота од 20:45 часот, и двете селекции остварија победа во првото коло. Португалија го совлада Азербејџан со 1:0, додека Србија беше подобра од Ирска со 3:2 (1:1).


Извор: nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …