(ФОТО) Како Французинките ги носат најбараните фармерки оваа сезона

Фармерките се веројатно единствената облека што со децении преживеале во непостојаниот моден свет. Тие се секако најизносеното парче во нашите гардероби. Оваа година, на сцената се вратила силуетата од 70-тите и моделот со рамни ногавици кои малку се шират.

Познати жени како Кети Холмс и Викторија Бекам веќе подолго време не излегуваат од овој модел, а на улиците во Париз шик Французинките демонстрираат со што најдобро одат, какви чевли треба да се комбинираат со нив и покажуваат колку овие фармерки всушност ги издолжуваат нозете и фигурата.
Фармерките со чизми одлично одат со неутрални чизми и ретро очила, а фактот дека Французинките не се луди по естетиката „помалку е повеќе“ покажува и оваа мешавина на дизајни и детали со споменатите фармерки што ги носеше француската стилистка Естел Шемоние.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESTELLE CHEMOUNY (@estellechemouny)

Ако одите чекор подалеку, постојат и варијанти на тексас комбинезони, кои веќе можеме да ги видиме на прошетка низ градот во комбинација со турбан,каков што носи блогерката Лена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Léna 💋 (@lenafarl)

Класика за работа подразбира малку поинаков стил, па со фармерки кои се хит на сезоната, отворена и затегната маица, блејзер, потпетици и плетената торба совршено се комбинираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aria Di Bari (@ariadibari)

Слобода за градите! Оваа фотографија од Париз треба да има ослободувачки ефект, и совршено покажува како може да се носат фармерки со најобични парчиња, како бела маица (без градник) и палто, со привлечен ланец околу вратот и разбушавена коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adenorah ♏️ (@annelauremais)

Ен Лор Маис е една од најголемите модни инфлуенсерки во Париз и е можеби најдобриот пример за тоа како треба да се носат најбараните фармерки во сезоната – онака како што најмногу ви се допаѓа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Чудесен ПАШКАНАТ: Се користи во народната медицина уште од античко време, а неговата арома го подобрува секое јадење!

Билката пашканат е исклучително здрав бел корен. Тој е многу ароматичен, па затоа е ценет …