САГАТА НЕ ЗАВРШУВА – ПРИСТИГНУВА НОВО ПРОДОЛЖУВАЊЕ: Во филмот ќе се прикажат сите детали од животот во КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО

Се уште се прераскажува интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари, кое неодамна го дадоа на водителката Опра Винфри, како и реакциите на сè што рекоа во емисијата.
Токму кога сите помислија дека невремето во кралското семејство се смири, сајтот „Deadline“ објави дека се подготвува нов филм за војвотката и војводата од Сасекс.

 

loading...

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Имено, беше објавено дека на каналот „Lajftajm“ ќе се емитува нов филм за Меган Маркл и принцот Хари, е наслов: „Хари и Меган: Бегство од палатата“ и кој ќе открие што „навистина се случило внатре во палатата, па двајцата решија да го напуштат дворот“.
Овој филм е дел од трилогијата за војвотката и војводата. Другите два филмски наслови за продолжението на сагата за Мегзит, како што се нарекува заминувањето на славната двојка од британското кралско семејство, гласат: „Хари и Меган, 2018: Кралска романса“ и „Хари и Меган, 2019: Стануваат член на кралското семејство“. Првиот го покажува почетокот на нивната врска, а другиот е насочен кон кралската венчавка.


Првиот дел беше емитуван неколку дена пред венчавката на Меган и Хари во Виндзор, во мај 2018. година, додека второто продолжение беше прикажано во мај 2019. година и претставува измислена приказна за нивните први месеци брак.
Во тек е кастинг за третиот филм, кој започнува да се снима оваа пролет, а ќе се емитува во текот на годината. Според „Deadline“, овој нов филм детално ќе ја објасни зголемената изолација и тага што Меган ја чувствувала за време на престојот на теренот, како и разочарувањето на Меган и Хари што неговото семејство не ги бранело од нападите на медиумите, и неговото стравување дека неговата сопруга ќе ја доживее судбината на неговата мајка Дијана, која почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, додека бегаше од папараците (нејзината смрт не е целосно разјаснета). Тема на филмот ќе бидат и семејни расправии меѓу Меган и Кејт, Хари и Чарлс и Хари и Вилијам.

Продуцентите многу ќе се потпрат на интервјуто прикажано во шоуто на Опра Винфри.
Кастингот за избор на актери за третиот дел е од голем интерес, во вториот дел Меган и Хари ги играа Парис Фиц Хенли и Мари Фрејзер, додека главните улоги во првиот филм им припаднаа на Тифани Смит и Чарли Филд.
Војвотката и војводата од Кембриџ како и принцот од Велс и војвотката од Корнвол се појавуваат во првиот и вториот филм, па сосема е сигурно дека тие ќе бидат и во третото продолжение.

Меган Маркл и принцот Хари пред интервјуто со Опра Винфри изјавија дека по нејзината емисија, таа повеќе нема да зборува јавно за Мегзит и за тоа што му претходеше.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …