РАК НА БУБРЕЗИ Е НАЈТЕШКО ДА СЕ ОТКРИЕ: Ова можат да бидат најраните знаци дека телото го разорува оваа свирепа болест!

Здравјето на бубрезите е важно за нормално функционирање на целиот организам
Бубрезите ја филтрираат крвта и произведуваат урина, која излачува штетни материи од организмот, па нивната функција е многу важна за целокупното здравје. Ракот на бубрезите станува се почест, а симптомите понекогаш можат добро да се сокријат.
Постојат неколку видови на карцином на бубрег, а меѓу нив најчест е карциномот на бубрежните клетки, што претставува околу 85% од сите случаи.
Фактори на ризик:
Точната причина за рак на бубрезите е непозната. Сепак, различни студии идентификуваа некои од можните фактори на ризик. Луѓето кои пушат, се дебели и имаат висок крвен притисок се изложени на најголем ризик од развој на рак на бубрег, велат лекарите. Камења во бубрезите, хронично воспаление на бубрезите, но и изложеност на одредени хемикалии придонесуваат за развој на карцином на бубрег.
Раниот рак на бубрезите често нема симптоми или е игнорирана од пациентите, бидејќи симптомите може да се мешаат со некои повеќе безопасни проблеми. Ако забележите некој од овие знаци и тие исчезнат за неколку дена, би било добро да контактирате со вашиот лекар:


 

1. Крв во урината
Крвта во урината е најчестиот симптом на напреднат карцином на бубрег, објаснува д-р Џихад Каук од клиниката во Кливленд. Исто така, невообичаена промена на бојата на урината може да укаже на оваа болест.


2. Болка во долниот дел на грбот или на страната
Знак на болеста може да биде болка во долниот дел на грбот или на страната. Во случај туморот да напредува, тој го притиска околното ткиво и тогаш се јавува болка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …