(ВИДЕО) Две кучиња девет месеци чекале да го запознаат својот „мал брат“ и сега се неразделни!

Постојат многу дебати за тоа дали е добро да имате домашни миленици во бременост и дали се свесни дека се создава нов живот во телото на нивниот сопственик.
Иако експертите се разидуваат околу тоа дали е добро или лошо да се има куче за време на бременоста, скоро сите се согласуваат дека кучињата можат да ги почувствуваат промените и да ја „намирисаат“ бременоста.
Како што кучињата и мачките чувствуваат разни болести, така и тие чувствуваат нов живот во стомакот на нивниот сопственик. Тие всушност ги мирисаат хормоните кои една бремена жена ги ослободува во текот на тие девет месеци.
Но, иако сите се согласуваат дека кучињата можат да ги почувствуваат промените, некои велат дека сè уште не се свесни за причината за тие промени. Секое куче ќе ја прифати бременоста поинаку. Некои ќе бидат депресивни, некои рамнодушни, но повеќето ќе се радуваат со бремената жена и нејзиното семејство.
Овие кучиња го чекаа својот нов сопственик цели девет месеци. Тие биле многу нетрпеливи, но чекањето се исплатело. Сега тие се неразделни и едвај чекаат да го научат својот мал „брат“ на вистинските вредности на животот.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за среда, 23.06.2021: Вие сакате да го почитувате меѓусебниот договор, но забележувате дека партнерот има различни интереси и смислува некои „тајни планови“…

Овен Љубов: Анализирајте ја повнимателно личноста што ви се допаѓа. Склони сте на чести промени …