РЕКОНСТРУИРАН ОБЈЕКТОТ КУКУШКА – КЛОН НА ГРАДИНКАТА „13 НОЕМВРИ“

Обезбедување современи, одржливи и квалитетни услови во детските градинки се врвни приоритети и заложби на Општина Центар.

Изминатиот период целосно се реконструираше објектот Кукушка – клон на градинката „13 Ноември“ и обезбедени се нови функционални и безбедни просторни услови за престој на децата. Обновени се детските занимални и внатрешниот ентериер, ходниците, ѕидните површини и поставен е комплетно нов еколошки ламинат. Реконструирана е топловодната мрежа, фасадата на градинката и поставени се нови бехатон плочки во дворот на градинката.

„Како локална самоуправа продолжуваме да вложуваме во квалитетно предучилишно образование и најсовремени услови за престој во детските градинки на територијата на Центар, а оваа година започнуваме нова капитална инвестиција и изградба на нова детска градинка во населба Пролет“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Минатата година во градинките на територијата на Општина Центар се спроведоа неколку активности за обезбедување подобри услови за децата. Целосно се реконструирани објектите Пепелашка и Палешка – клонови на општинската градинка „ Раде Јовчевски Корчагин“, изведени по европски стандарди за квалитет и целосно е обновен стариот и оштетен под во матичниот објект на површина од 378 метри квадратни. Детските занималните во објектот Јасмин – клон на градинката „13 Ноември“ се комплетно реконструирани и поставени се нови дизајнирани шкафчиња, прилагодени за секојдневните потреби на децата. Поставени се и нови гумирани подлоги на детските игралишта во општинските градинки, кои имаат за цел да обезбедат зголемена безбедност и подобри услови за игра и рекреација кај децата, додека во месец декември минатата година пуштено е во употреба новото детско игралиште во објектот Наум Наумовски Борче – клон на градинката „Кочо Рацин“ во соработка со HIPP Македонија.

Во однос на заштита на животната средина, центарската градинка „Кочо Рацин“ – објект Панорама е првата градинка каде се поставени топлотни пумпи за еколошко разладување и загревање на просториите и денес Општина Центар е општина, каде што нема повеќе објекти кои користат мазут или нафта за загревање кои се под нејзина ингеренција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски: Напишал многубројни поучни дела!

Според календарот на МПЦ, 18-ти јуни е ден посветен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. …