КОГА ЛОШО СЕ ЧУВСТВУВАТЕ И ГЛАВАТА ВИ Е ПОЛНА СО МИСЛИ НАПРАВЕТЕ 1. РАБОТА: Едноставен ритуал за добро здравје, мир и среќа!

Како да се ослободите од негативните и опсесивните мисли – направете 1. прекрасна и едноставна работа за вашето здравје … Одете во шума!
Во шумата владее мир – исцелувачка тишина, придружена со инспиративни звуци на природата. Во шумата има мирис – свежина што ја чисти енергијата и го смирува нашиот здив. Шумата е богатство и наше засолниште и скриена оаза во која одиме кога сакаме да се поврземе со природата, да се оддалечиме од зафатениот свет и да ја смириме душата.
Шумата може да биде светла или темна, како и нашите мисли. Но, кога нашиот ум е полн со негативни и опсесивни мисли, шумата е таа што може да ја прочисти, да ги замолкне лошите мисли и сензации и да не смири. Ни обезбедува мир, кислород и храна. Во неа, чувствуваме дека сме свои, слободни и дека можеме да ги откриеме сите наши тајни и да го ослободиме емоционалниот товар. Крошните од дрвата не штитат и прегрнуваат, а кога ќе погледнеме нагоре, гледаме светлина што се пробива низ крошната и вели – Сè е во ред!

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Patrycja Bok (@blondiii_06)


Не случајно како деца во бајките читаме за многу добри шумски суштества како што се добри шумски самовили и џуџиња.
Кога чувствувате вознемиреност и не можете лесно да се ослободите од лошата енергија и негативните мисли, одете во шума. Прошетајте, размислете, пејте, викајте, танцувајте, гушкајте дрво … Шумата ни овозможува бесплатна терапија и чувство на мир и љубов.
Времето кое го поминувате во шумата е форма на медитација – го подобрува нашето расположение, ја враќа енергијата и виталноста, не засилува и не подмладува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zigi (@janabielavrana)

Секој човек е зависен од природата. Ние сме програмирани да се поврземе со природниот свет. Кога сме во хармонија со природата, стануваме здрави, а кога ќе се оддалечиме од неа, се чувствуваме лошо и ни е загрозен енергетскиот имунитет (полесно ја апсорбираме негативната енергија).
Одвојте најмалку 30. минути еднаш неделно за прошетка низ шумата. Прошетајте, чувствувајте, слушајте, мирисајте, гушкајте го дрвото – усогласете го вашиот животен ритам со ритамот на природата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина новинарот Тодор Пендаров – Беше жива енциклопедија

Новинарот и аналитичар Тодор Пендаров вчера по долго боледување почина во Скопје. Причината е Ковид …