(ВИДЕО) Солзите на Ибра за синовите!

По пет години пауза, фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ се врати во шведската репрезентација, а било мошне емотивно на собирот.
Ибра не покажува често емоции, тој ја негува сликата на солиден и себичен фудбалски ас, но покажа дека сето тоа е маска кога се нашол пред микрофоните.
Тој не криел дека неговото враќање во националниот тим му значи, а го скршило прашањето на новинарите за тоа како семејството ја примило веста за неговото враќање во Шведска.
„Постојано сте заклучени во балон, што значи дека не можете да ги видите членовите на семејството“, рекол Ибрахимовиќ, кој се присетил на кратката средба со неговите синови, Максимилијан (14) и Винсент (12).
„Малиот Винсент плачеше кога го оставив“, рекол Златан, а потоа го покрил лицето со рацете за да не се гледаат солзи.
Фудбалерите се во карантин и не можат да ги видат своите семејства, а сопругата и децата на Ибра се во Шведска со месеци.
Да потсетиме, Ибрахимовиќ (39) се повлече од националниот тим по Европското првенство во 2016. година, а за Шведска настапи на 112. натпревари и постигна 62. гола.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …