(ВИДЕО) Се жалела на гласниот секс на соседите и добила генијален одговор

Сите барем еднаш сме имале некаков проблем со соседите. Може да биде особено вознемирувачко кога некој е премногу гласен додека се обидува да спие или учи, но што ако никогаш не му кажете на некој што ви пречи дека е прегласен? Па, нема ни да знаат.
Една жена решила да му напише порака на својот сосед откако веќе не можела да ги поднесе силните звуци што ги испуштале тој и неговата партнерка за време на сексот.
„Еј, би била многу благодарна ако можете да го одделите креветот од ѕидот. Станува секојдневие и многу ми е тешко да спијам со таа бучава. Ви благодарам, вашата сосетка“, напишала таа во пораката.
„Бучава = стенкање и удирање на креветот од ѕидот“, додала таа низ шега.
Соседот имал смисла за хумор, па одговорил на посебен начин. Наместо класично извинување, тој на сосетката и испратил купон од 50 долари за Старбакс, за да може да си купи доволно кафе.
„Се извинуваме за непријатностите, подобро ќе го контролираме тоа колку сме гласни. Гласните соседи ја поздравуваат својата успана сосетка“, се пошегувале тие.


Пораката ја насмеала жената, па ја објавила на социјалните мрежи, каде ги воодушевила луѓето.
„Вака секој треба да комуницира“, напишал еден од коментаторите.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …