Васил Гарванлиев оди на „Евровизија“ – Комисијата на МРТ за утврдување одговорност не нашла никаква грешка

После долго молчење и преиспитување, Комисијата на МРТ за утврдување на одговорност за спотот и спорните моменти кои јавноста ги коментираше на социјалните мрежи, неговото признавање дека 20. години има бугарски пасош како и петицијата Гарванлиев да не учествува на Евровизија, денес конечно ја донесе својата одлука.
Нивната изјава ја донесуваме во целост:

„Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија, по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео спотот на годинашниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев (арх. 03 -1275/2 од 16.03.2021), по добиеното Известување од работната група која што работи на проектот ЕВРОСОНГ 2021 (арх. 03 -1275/5 од 19.03.2021), на ден 19.3.2021 одржа состанок. На него, по детално разгледување на Извештајот и пропратната документација, кој што хронолошки ги појаснува случувањата во врска со учеството на МРТ на Евровизискиот натпревар 2020/ 2021, утврди дека:


– МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

– Одлуката за избор на Васил Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 (арх.бр 02-361/4) била по пат на интерна селекција, според моделот – еден претставник / една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори итн. Бил упатен Јавен повик до авторите од земјава и од странство, на кој од пристигнатите понуди се избрала песната со која Гарванлиев беше одреден за претставник на Евросонг 2020 во Ротердам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …