(ФОТО) Потресна посвета на принцот Хари:„Кога родителот ќе отиде на небото…“

Во трогателно писмо до сираците, принцот Хари напишал дека загубата на неговата мајка предизвикала „огромна празнина“ во него. Војводата од Сасекс напиша емотивен предговор на „Болница на ридот“, сликовница која има за цел да им помогне на младите да се справат со загубата на некој близок за време на пандемијата на коронавирусот.
„Ако ја читате оваа книга, тоа е затоа што сте изгубиле родител или сакана личност. Иако посакувам да ве гушнам, се надевам дека оваа приказна ќе ви даде утеха кога знаете дека не сте единствените“, напишал принцот Хари (36) во проспектот на магазинот „Таун и кантри“.
Принцот Хари многу добро знае што значи болка предизвикана од губење на родител. Принцезата Дијана почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997. година. Во тоа време имал само 12. години, а принцот Вилијам имал 15. години.

„Кога бев мал, ја изгубив мајка ми. Во тоа време, не сакав да верувам или да го прифатам тоа, и тоа остави огромна дупка во мене. Знам како се чувствувате и сакам да ве уверам дека со тек на време, таа дупка ќе биде исполнета со љубов и поддршка“, напишал принцот Хари.
„Можеби се чувствувате осамено, тажно, луто, лошо … Тоа чувство ќе помине. И ви ветувам, ќе се чувствувате подобро и посилно ако зборувате за тоа како се чувствувате“, рекол принцот Хари.
Принцот Хари рекол дека сите ние се справуваме со загубата на поинаков начин, користејќи одреден механизам за соочување, пренесува USA Today.

„Кога родителите одат на небото, нивниот дух, нивната љубов и сеќавањата за нив не одат со нив. Тие се секогаш со вас и можете да ги чувате засекогаш“, додал Хари.
За време на експлозивното интервју меѓу принцот Хари и војвотката Меган со Опра Винфри на почетокот на овој месец, војводата од Сасекс рекол дека го чувствувал присуството на принцезата Дајана за време на целиот процес на напуштање на кралското семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРВИ ФОТОГРАФИИ НА КАМЕРОН ДИЈАЗ СО ЌЕРКАТА: Се повлекла од светот на глумата за да се посвети на семејството а девојчето е нејзина вистинска копија!

Познатата актерка Камерон Дијаз откри на почетокот на 2020 година дека со рокерот Бенџи Маден …