(ФОТО) Лекарите неговите симптоми ги припишале на стрес а животот му го спасил – оптичар!

Мајката рекла дека рутински преглед на оките на нејзиниот син довел до итна операција за која верува дека „му го спасила животот“.
Карен Вилијамс (58) од Ромфорд, Есекс, била со нејзиниот син, Марк (24), кога отишол на преглед на очите само неколку дена откако лекарите во Брза помош рекле дека заматениот вид, главоболките и зуењето во ушите му предизвикуваат вртоглавица.
Но, кога оптичарот забележал сенка во задниот дел од окото на Марк, тој повторно бил примен во болница, каде што бил подложен на 10-часовна операција за отстранување на растечки тумор со големина на лимон, кој влијаел на дел од мозокот.
За време на неговиот осумнеделен престој во болница, на Марк и формално му бил дијагностициран Аспергеров синдром, невролошко пореметување кое влијае на комуникацијата и е форма на нарушување на аутистичниот спектар.


Симптомите ги припишувале на стрес
Сега, кога тој малку се опоравил и се вратил на својата работа како колекционер на колички во Асди, Марк и неговата мајка Карен му се заблагодариле на персоналот што му го спасил животот и ги повикале луѓето редовно да ги проверуваат нивните очи.
„Не можам доволно да нагласам колку е важно редовно да се прават прегледи на очите, без разлика колку години имате. Јас ќе бидам вечно благодарна на оптичарот и лекарите кои му го спасија животот на мојот син“, изјавила мајката за Metro.
Кога Марк првпат почувствувал главоболки и болка во вратот и ушите на почетокот на 2020. година, Карен неговите симптоми ги свела на општ стрес. До јуни, симптомите на Марк се влошиле, неговиот вид започна да се замаглува, а во ушите имал зуење.

Дел од туморот не смееле да допрат
„Лекарите од Итната помош не претпоставија дека мојот син има бавно растечки тумор во него“, рекла Карен. На младиот човек му бил дијагностициран бавен растечки централен невроцит – исклучително редок облик на тумор на мозокот, кој бил толку голем што создавал притисок, оток и заробена течност во мозокот и влијаел на сите сетила и на нервниот систем на Марк.
Откако течноста истекла, симптомите стивнале – затоа што се отстранил опасниот по живот притисок врз неговиот мозок. А за време на неговата операција на почетокот на јули, хирурзите отстраниле најголем дел од туморот од мозокот на Марк – со десетчасовен процес.
„Туморот беше со големина на лимон, а делот што го оставија зад себе беше силно поврзан со неговиот нервен систем што беше премногу опасно да се отстрани. Ќе имаше повеќе штета отколку корист ако отстранеа сè. Тој пораснал толку многу што ги блокирал сите негови функции, предизвика тинитус, заматен вид, вртоглавица и влијаеше на неговата рамнотежа“, открила неговата мајка.

За малку ќе се онесвестел под тушот
И покрај фактот дека операцијата поминала добро, патот на Марк до закрепнување сè уште не бил завршен. Тој поминал осум недели во болница и во текот на целиот престој не можел да разговара со никого, а поради пандемијата на корона вирусот, не биле дозволени посети.
Марк, кој уживал да игра видео игри кога конечно можел да се опорави дома, рекол:
„На почетокот, беше многу страшно, дури еднаш скоро и да се онесвестив под туш. Не се сеќавам многу за тоа што се случи, но одлично е што се вратив дома и сега се чувствувам многу подобро. Среќен сум што се вратив на работа“, рекол Марк.
Сара Линдсел, извршен директор на добротворната организација „Brain Tumor Charity“, по случајот на Марк испратила предупредување: „Секој што има дијагностициран тумор на мозок, знае колку е важно да ги препознаете симптомите што е можно порано. Раната дијагноза е клучна во лекувањето на оваа болест“.

Фото: Принтскрин/
18.35

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …