(ВИДЕО) ШОК ВО СРБИЈА: Глумицата Даниела Штајнфелд во ЈО открила дека била силувана од славниот глумец Бранислав Лечиќ!

Актерката Даниела Штајнфелд на Вишото јавно обвинителство му открила дека актерот, опозициски политичар, поранешен министер и член на Демократската партија, Бранислав Лечиќ, е мистериозниот моќен човек од филмската индустрија кој ја силувал.
Штајнфелд се појавила во Вишото јавно обвинителство во Белград пред неколку дена, на покана на обвинителката да ја дополни својата претходна изјава. Во присуство на адвокат, таа зборувала за своето трауматско искуство, за кое јавноста дознала пред неколку месеци во нејзиниот документарец, снимен во Америка, каде што моментално живее.

Како што дознава порталот Нова.рс, Штајнфелд открила дека мистериозниот силувач, чиј идентитет упорно го криела од јавноста, бил актерот Бранислав Лечиќ, изјавувајќи дека тој ја нападнал пред неколку години, додека таа работела на проект со него.
По сослушувањето на Штајнфелд, обвинителството треба да донесе одлука како ќе постапи, а се очекува Лечиќ да биде поканет да го каже своето мислење во врска со пријавата на актерката.
Во претходната изјава дадена пред обвинителот, актерката не дала никакви детали што укажуваат на потенцијален сторител. Таа тогаш рекла дека тој е „многу моќен човек“ кој постојано се појавува во јавноста.
Да потсетиме, Даниела рече дека ја силувале кога имала само 21. година, па затоа, како што рекла, се преселила во Америка. Во документарецот „Држи ме цврсто“, актерката рече дека ја силувал моќен човек од домашната филмска индустрија, чие име не сакаше да го открие.


„Имав идеја да направам филм за последиците од силувањето и сексуално злоставување од перспектива на жртвата и луѓето кои го извршиле злосторството. Кога погледнав во суровиот материјал, бев охрабрена и решив во последен момент да ја споделам мојата приказна“, ја пренел Variety, изјавата на Даниела.
По доаѓањето во Америка, таа имала проблем со посттрауматско пореметување, но се опоравувала со помош на пријателите.

„Мене ме погоди фактот дека она за што ќе зборувам е всушност почеток на тоа да бидам добро. Тоа е лекување. Тоа беше големо откритие за мене. По силувањето, се доверив само на мојот лаптоп. Снимав мали видеа кои завршија во документарец. Денес, тие се драгоцен тестамент, бидејќи тие покажуваат како се чувствува жртвата по злоупотребата“, рекла таа.

На крајот на август, Штајнфелд изјави дека „наскоро ќе открие сè“ и дека филмот што го снимила зборува за последиците и причините за молчењето во врска со злоупотребата и за тоа што ни прави нас како општество.
„Едвај чекам да видите сè што ќе споделам со вас, мојата интима, која беше мојата најголема тајна, која ја чував во себе сите овие години, јас сум силна, сè ќе се знае наскоро“, порачувала актерката.

Извор:nova.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …