Симпатично видео од жена и нејзиното кученце стана вирална. Жената решила да направи краток тренинг во својот дом. Застанала пред ѕидот и започнала да се преправа дека го турка со рацете за да ги зајакне мускулите.
Нејзиното милениче мислело дека и треба помош, па веднаш побрзало. Тој ги потпрел предните шепи на ѕидот и почнал да турка и лае.
„Најслаткиот партнер за вежбање“, коментира една личност за симпатичниот гест на кучето.
Фото: Принтскрин/Youtube