(ФОТО) Популарниот глумец после 8. месеци макотрпна работа покажал голема промена

41-годишниот Лук Еванс покажал голема физичка трансформација на фотографиите пред и потоа. Актерот се „набилдал“ и позирал без маица за да го покаже мускулестото тело.
„Осум месеци работа и успеав. Јуни 2020 – Февруари 2021 година”, напишал велшкиот актер во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans (@thereallukeevans)

Еванс ќе наполни 42. години на 15. април и јасно е дека неговата цел е да зајакне физички и психички.
Во интервју за списанието Men’s Health во 2014 година, тој призна дека диетите тешко му паѓале.
„Сакам храна и вино. Ми недостига алкохол. Кога сите пијат, а вие не можете, вие престанувате да излегувате толку многу. Пиењето е кошмар и содржи многу празни калории и не можете да тренирате следниот ден. Тежок дел да не се социјализираш и да не излегуваш“, изјавил тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luke Evans (@thereallukeevans)

Затоа тој прави интензивни тренинзи за согорување на калории. Дали оваа промена е резултат на подготовки за нова улога или негова лична желба, тој не откри.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(МЕНИ) Ротационата диета, на доктор Катан, нов тренд во светот: Симнува половина килограм на ден!

Ротационата диета е дизајнирана пред повеќе од 50 години, но поради некоја причина повторно стана …