(ФОТО) ИНТИМНА ИСПОВЕД – Една година после ковид: „Не можам ниту да стојам“

Младата и здрава, Ејми Дурент сметала дека не е во ризична група за добивање на ковид 19. Сега, една година подоцна откако се заразила со корона, зборува за тоа како сè уште се бори со последиците од болеста.
Ејми Дурент (31) од Сари има таканаречен долг ковид од март минатата година, па се потврдуваат претпоставките дека некои пациенти чувствуваат бројни здравствени проблеми дури и неколку месеци по инфекцијата. Како тоа навистина изгледа, Ејми раскажала за Индипендент.
https://www.independent.co.uk/life-style/health-and-families/long-covid-young-people-symptoms-b1817508.html
„Се заразив на 14. март минатата година, најверојатно во супермаркет, затоа што не одев на друго место. Сепак, бидејќи бев потполно здрава, мислев дека сè ќе помине брзо и лесно. Тоа сепак не се случи“, рекла Ејми.

Отпрвин, симптомите на ковида биле исти како и кај повеќето луѓе – висока температура, болка во телото и сува кашлица.
„Првите неколку дена не можев да станам од кревет. Немав ниту апетит, но го очекував сето тоа. Сепак, околу осмиот ден, почнав да дишам потешко и потешко и чувствував притисок во градите. Потоа се консултирав со лекар. Му се јавив и тој ме праша дали можам да се концентрирам и да гледам телевизија. Тоа ми беше чудно, но кога му потврдив дека можам, ми рече дека е во ред“, вели Ејми.
Меѓутоа, како одминуваше времето, на почетокот на април неа и било многу полошо. Сè потешко дишела, па повторно се јавила на лекар.
„Само што ме слушнаа како зборувам, тие испратија брза помош да ме земе. Ми ставија маска со кислород и ми рекоа да останам дома бидејќи во болниците немаше место. Кислородот ми помогна, но некако помислив дека треба да се опоравам што е можно побрзо, па започнав да работам. Сепак, моето тело беше толку истоштено што не можев ниту да седам на стол“, вели Ејми.
На почетокот на јуни, неа почнало да и се врти во главата, не се ни обидувала да работи повеќе и се’ повеќе и повеќе се будела уморна секој ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Durant (@savingbooks)

„Дури и обичен разговор би ме исцрпил. Таканаречената мозочна магла беше како некој страшен притисок во главата, не можев да готвам, читам, гледам телевизија … Во лошите денови, не можев да се истуширам или да се качувам по скалите“, рекла оваа млада жена.
На крајот на летото, вртоглавицата се влошила, се зголемил притисокот во главата и почнала да има проблем со говорот. Таа честопати не можела да се сети на вистинскиот збор или би кажала погрешен збор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Durant (@savingbooks)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …