(ВИДЕО) ТЕШКА РАЗДЕЛБА: Девојче се расплакало шри разделбата од дедо и и’ собрала 44. милиони прегледи!

Едно мало девојче кое не можело да ја поднесе помислата дека треба да се раздели од својот дедо ги освои срцата на милиони луѓе.
Двегодишната Камил Медлин Луис е особено приврзана за нејзиниот дедо и секоја разделба од него и е болна. Нејзината мајка го снимила моментот на поздравување со нејзиниот дедо, кој собра повеќе од 44 милиони прегледи.
Девојчето седи на седиштето во автомобилот и му испраќа бакнежи на својот дедо, кој стои покрај автомобилот.
„Се гледаме, малечко“, и’ вели дедо и.
„Се гледаме подоцна“, одговара таа, а потоа се расплакува.

@camifrobabeRepost for the sound ♥️♥️ @tonycollinsbwyb

♬ original sound – Camille Madeline

„Се надевам дека ќе го видам“, и вели таа на својата мајка, која ја уверува дека наскоро повторно ќе го види нејзиниот дедо.
Снимката ја коментирале илјадници луѓе, вклучувајќи ја и славната водителка Елен Деџенерис.
„Ова е прекрасно. Се надевам дека ќе се видите наскоро повторно”, напишала таа.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …