(ВИДЕО) Земјотрес среде тениски меч – се треселе камерите!

Александар Зверев го победи Доминик Кепфер со 6:4, 7:6 (5), а во средината на еден гем, земјотресот го стресе Акапулко.
На почетокот на вториот сет при резултат 40:15 за Кепфер земјотрес го погоди овој град!
Земјата се тресела, а камерата почнала да се тресе на среде преносот. Сепак, тенисерите продолжија да играат.
Зверев по мечот зборувал и за невообичаената ситуација.
„Не знаев што се случи. Ниту Доминик не знаеше. Само ја слушнавме публиката. Претпоставувам дека светлата почнаа да се тресат и публиката го почувствува тоа повеќе од нас. Трчавме на теренот, па одигравме бод за време на земјотресот. Не се чувствуваше многу, но очигледно се случи. Бев сведок на тоа, претпоставувам дека тука е нормално“, рекол Зверев.
Ова не му било прв пат да доживее земјотрес во Акапулко.
„Слично нешто ми се случи за време на натпреварот или за време на тренингот. Не се сеќавам. Тогаш беше посилен, затоа што видов како се тресат светлата. Денес не видов ништо. Се надевам дека сите се добро во регионот најблиску до земјотресот“, рекол Зверев.

Фото: Принтскрин/Youtube/ATP Tour

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Многу причини за радост – ДВА гола, ДВА милиони денари од МOZZART!

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но …