Еве какво време на очекува во наредните 5. дена?

За денеска УХМР најави променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, во источните од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. T= 10 °C, P= 977 hPa, U= 38 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
За утре (сабота) се најавува облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бидат од -6 до 14. степени.


Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Поради продор на постуден воздух повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.Минимална температура: 0°C до 6°C, Максимална температура: 3°C до 10°C.
Во понеделник се очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег, на планините од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.Минимална температура: -1°C до 5°C,
Максимална температура: 2°C до 10°C
За вторник променливо облачно со засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. На планините повремено ќе провејува слаб снег. Минимална температура: -4°C до 2°C, Максимална температура: 3°C до 10°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Животоприемен извор: Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради …