(ВИДЕО+ФОТО) САКАМ ДА СЕ ПРОСТАМ ОД ФАНОВИТЕ, ОВА Е МОЈ КРАЈ! Тина Тарнер донела важна одлука и ги растажила сите кои ја сакаат!

Тина Тарнер, која е прогласена за „кралица на рокенролот“, на 81. година се збогува со своите обожаватели.
За да им се заблагодари на обожавателите кои биле со неа последните 60. години, Тарнер сними документарен филм за „HBO“ во кој ја раскажува својата животна приказна. На овој филм може да се гледа како на збогување од обожавателите, бидејќи таа го гледа како нејзино последно обраќање до јавноста, а во филмот таа вели дека сака да влезе во третото и последното поглавје од нејзиниот живот без рефлектори.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)


„Тина“ имаше премиера пред околу десетина дена на Берлинале, а во режија на Даниел Линдзи и Т.J. Мартин. Во документарниот филм, пејачката се осврнува на годините на нејзината младост исполнети со борби и болка, а потоа и на нејзината вистинска љубов и глобалната слава што ја стекна во зрелите години. Филмот открива дека пејачката страда од посттрауматски стрес, што е последица на долгогодишното семејно насилство кое го претрпела додека била во брак со Ајк Тарнер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

Документарецот ќе ги прикаже сите приватни и професионални подеми и падови во животот на Тина Тарнер.
Гледајќи наназад на нејзините спомени, пејачката објаснува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Трпев злоставување, нема друг начин да ја раскажам оваа приказна. Тоа е реалноста. Вистина е. Тоа е она што го добиваш, па мора да го прифатиш. Ова не е добар живот. Доброто не го надмина лошото“, заклучила Тина, која преживеала мозочен удар и борба против рак.
После бракот со насилникот Ајк, таа најде среќа во средината на 1980-тите со Ервин Бах, директор на издавачка куќа. Во филмот, фановите на Тина можеле да ја слушнат и неговата вознемирувачка изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Turner (@tinaturner)

„Тина ми рече ‘Ајде да одиме во Америка, сакам да се збогувам со моите обожаватели. Да се ​​збогувам со нив и да им се заблагодарам за сè и тоа ќе биде мојот крај. Моето последно збогување'”, признава Бај во еден од извадоците од филмот.
Да потсетиме, животот на Тина беше прикажан и претходно, прво во нејзината автобиографија од 1986. година „Јас, Тина“, а потоа и во биографскиот филм од 1993. година, во кој улогата на Тина ја толкуваше Ангела Басет.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …