(ВИДЕО+ФОТО) Научници: Бурата која го погоди Пекинг не била песочна туку нешто полошо!

НЕВРЕМЕТО што, пред неколку дена, го покри Пекинг со кафено-портокалова боја не било песочно, односно онаа што пренесува честички од песок, туку бура од прашина.
Ова може да звучи како незначителна разлика што им е важна само на геолозите, но големината на честичките игра голема улога во здравјето на жителите.
Честичките од песок се честички поголеми од 0,06 mm во дијаметар, а честичките од прашина се помали, полесни и можат да патуваат многу, многу подалеку. Ветерот нема лесно да го дува песокот на растојанија од стотици километри, додека прашината многу полесно ќе се шири низ целиот свет.
Честички помали од 10 микрометри, а особено оние помали од 2,5 микрометри, претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, бидејќи тие се доволно мали за да завршат во нашите бели дробови.


Кој е главниот виновник?
Што ги предизвикува денешните бури од прашина – дали е тоа природен процес или можеби е резултат на климатските промени? Одговорот е сложен и веројатно е комбинација од неколку фактори, вели геологот Мет Телфер од Универзитетот во Плимут во списанието „Conversation“.
Во една неодамнешна студија, научниците анализирале до кој степен различните социјални системи во Кина, како и климатските промени, влијаеја на фреквенцијата на бури од прашина во последните 2000 години. Откриле дека зголемувањето на бројот на бури се совпаѓа со зголемувањето на населението и зајакнувањето на циркулацијата на азиските монсуни.
Интересно е што зачестеноста на ваквите бури се зголемила за време на периодот на обилни дождови, бидејќи во тој период населението се развивало побрзо и се користела поголема земјоделска површина.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by The Hutong (@thehutong)


Друг фактор што влијае на појава на бури од прав е од природно потекло. На пример, ретко населената депресија на Бодел во Сахара е најголемиот извор на атмосферска прашина во светот, и покрај неговата скромна големина. Причината за ова се сувите пустински услови, области со фини наслаги и блиските планини што го насочуваат ветерот во областа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Buienradar (@buienradar)

Позитивна улога
Бурите од прашина исто така имаат позитивна улога. Имено, тие превезуваат клучни минерални хранливи состојки до океанот, како што е железото, па затоа понекогаш се нарекуваат ѓубриво за океанскиот фитопланктон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Geografia Geral (@geografiageral)

Студија од 2014 година покажува дека повеќе од три четвртини од стопеното железо во северниот дел на Атлантскиот океан потекнува од сахарска прашина. Некои други истражувања сугерираат дека прашината од Сахара игра клучна улога во ѓубрењето наамазонската прашума со хранлив фосфор.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5-ти декември, Светски Ден на волонтерството

Волонтерството претставува основа за социјално и економско трансформирање преку кое се обезбедува трајно влијание заради …